Telekom Austria AG

Делувањето со интегритет и одговорност е главен елемент на нашата корпоративна култура.

Не е важно само ДА СЕ ПОСТИГНАТ нашите бизнис цели, исто така е многу важно КАКО ќе се постигнат. Нашите корисници, бизнис партнери, акционери, надворешни добавувачи, јавноста, а и ние како вработени го очекуваме следново од самите нас: да се делуваме со интегритет подеднакво во бизнис односите и во меѓусебните интеракции. Со други зборови: делуваме чесно, правично и транспарентно.

Неетичкото однесување и кршењето на стандардите на однесување немаат тешки последици само за поединецот лично, туку и за целата компанија. Па поради тоа не може да се толерира неетичкото однесување. Ние ги охрабруваме нашите вработени да пријават забележано неетичко однесување.

Дали забележавте прекршувањa на прописите од страна на банките – поточно специфичните прописи за paybox Bank AG? Ова е вистинското место да го пријавите!

Можете да бидете уверени дека:

  • нема да има последици по пријавувачот на прекршокот во врска со информациите пријавени со добра намера врз основа на неговите сознанија. Ние ги штитиме нашите пријавувачи на прекршоци.
  • сите податоци се строго доверливи и се истражуваат и проверуваат од лица кои се обврзани на дискреција.

Ви благодариме за поднесената пријава!

A1 Telekom Austria Group

Group Compliance

Зошто треба да поднесам пријава?
Каков тип на пријави и помагаат на Вашата организација?
Дали ги имам земено предвид сите расположливи опции пред да одлучам да поднесам пријава тука?
Како ќе се обработува мојата пријава? Што е поштенско сандаче и како да го креирам?
Како може да добијам повратна порака, а сепак да останам анонимен?