Deutsche Telekom AG

Транспарентност и сообразност со законите, правилата и вредностите се условите за одговорно однесување

Дојче Телеком се обврзува на одржливо корпоративно управување и на Германскиот Кодекс за корпоративно управување – со други зборови на главните законски прописи за управување и следење на германските компании кои котираат на берза и на меѓународно и домашно прифатените стандарди за одговорно корпоративно управување.

Сите вработени, но исто така и деловните пaртнери, корисниците, акционерите и останатите засегнати лица коишто сакаат да го пријават можното прекршување на интерните политики на Групацијата, законите или правилата на однесување може овде да ги поднесат нивните пораки. Апсолутната доверливост е загарантирана во сите случаи.

Со нашиот портал ние се обидуваме да ги сведеме на минимум пoследиците од несоодветното однесување и прекршувањето на законот. Сметаме на Вашиот одговорен придонес како претставник на групата засегнати лица или како вработен во Дојче Телеком. Ве молиме пријавете кај нас какво било потенцијално штетно однесување, како на пример, однесување што би можело да доведе до оштетување на средствата или на репутацијата на Дојче Телеком.
Ве молиме осигурете се дека не прекршувате никакви прописи за приватност на податоци коишто би можеле да се применуваат на Вас кога го користите овој систем за пријавување. Пред да поднесете какви било известувања, Ве молиме имајте во предвид дека информациите што ни ги обезбедувате може да имаат сериозни последици по луѓето поврзани со нив.

Ве молиме користете го анонимниот онлајн формулар само во вонредни случаи!
Би сакале да напоменеме дека приговорите не треба да содржат лични податоци за личноста која ја пријавувате. Секое друго незаконско објавување на лични податоци може да резултира со санкционирање преку Законот за граѓанско и кривично право.

Поднесувањето на неточни информации може да се казни преку кривична постапка и/или со преземање чекори според Законот за работни односи.

Ве молиме да не го користите овој систем за кориснички барања или приговори, ниту за поставување прашања за производите или услугите што ги обезбедува Дојче Телеком.
Тие нема да се обработуваат на овој портал.

Заштита на вашата анонимност
Системот технички ја заштитува вашата анонимност, под услов да не внесувате информации кои што ќе може да Ве идентификуваат. Ние сме заинтересирани за Вашите информации за да ги отстраниме инцидентите, меѓутоа не сме заинтересирани лично за Вас.

Зошто треба да поднесам извештај?
Кои случаи можам да ги пријавам?
Како функционира пријавувањето? Како да креирам поштенско сандаче?
Како да добијам повратна информација и да ја задржам својата анонимност?